ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ПРАЗНИК НА ЛИПИТЕ“. НАГРАДАТА ЗА НАЈДОБРА ПЕСНА ЈА ДОБИ СТЕФАН МАРКОВСКИ

На поетот Аднан Озер од Турција и на македонската поетеса Гордана Михаилова-Бошнакоска, денеска, во Друштвото на писателите на Македонија, во рамките на традиционалната манифестација „Празник на липите“, им беше доделено признанието „Книжевен жезол“. Статуетките „Книжевен жезол 2022“ на годинашните добитници им ги врачи претседателот на македонската писателска асоцијација, Христо Петрески, а во чест на лауреатите беше претставен и избор од нивната поезија, на македонски, турски и на англиски јазик.
 
На свеченоста, во Друштвото на писателите на Македонија, во вид на плакета, му беше врачено признанието „Празник на липите” на годинашниот добитник Стефан Марковски, за песната „Градот, рајот“. Наградата за најдобра творба на манифестација „Празник на липите”, меѓу повеќе творби, ја доби Марковски, а во рамки на конкурсот што го распишува Друштвото на писателите на Македонија. За претседателот на тричлената жири-комисија, Васил Тоциновски, песната „Градот, рајот“ го потврдува модерниот поетски сензибилитет на Стефан Марковски, кој во тековите и резултатите на современата македонска книжевност е творец со автохтоно вдахновение и поетика.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *