ПОВТОРНО СЕ ОТВОРА АМБУЛАНТА ЗА МЕДИЦИНА НА ТРУДОТ ВО ОПШТАТА БОЛНИЦА СО ПРОШИРЕНА ДЕЈНОСТ ГЕВГЕЛИЈА

Во Општата болница со проширена дејност Гевгелија, од утре, петок, 1 јули, ќе започне со работа Амбулантата за Медицина на трудот.
Во оваа амбуланта, со која ќе раководи доктор Тодорка Окова, ќе се изведуваат прегледи за издавање на сите видови на лекарски уверенија како и превентивни здравствени прегледи за компании. Така, граѓаните од Општина Гевгелија во оваа амбуланта ќе може да ги добијат следниве лекарски уверенија:
 Лекарски уверенија за возачи аматери, професионалци
 Лекарски уверенија за засновање на работен однос
 Лекарски уверенија и експертизи за работа и престој во странство
 
Исто така, во амбулантата на Медицина на трудот ќе се изведуваат превентивните здравстени прегледи на вработените во компаниите, а со цел утврдување на здравствената состојба и работната способност за извршување на работи за одредено работно место, со цел да се потикне подобрување на безбедноста и здравјето при работа.
 
Амбулантата на Медицина на трудот ќе ги врши сите превентивни здравствени прегледи, систематски, претходни, периодични и насочени прегледи, a ќе биде сместена во бараката на влезот во Општата болница, каде до сега се вршеа вакцинации против Ковид-19.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *