ЃОРЕ ЈОВАНОВСКИ, ШЕФ НА СТРУЧНИОТ ШТАБ НА ФК „КОЖУФ“:

„ДОЈДОВ ВО ГЕВГЕЛИЈА ДА НАПРАВИМЕ ОД „КОЖУФ“ ЕДЕН ТИМ ДОСТОЕН ЗА ПОЧИТ. ЌЕ РАБОТИМЕ СО МЛАДИТЕ ТАЛЕНТИ, ЌЕ ДОНЕСЕМЕ И ЗАСИЛУВАЊА, И СИГУРЕН СУМ ДЕКА ОВОЈ ТИМ НЕМА ДА СЕ БОРИ ЗА ОПСТАНОК ВО ВТОРАТА ФУДБАЛСКАЛИГА! “
 
Од денеска, 1 јули, со потпишување на едногодишниот договор, кој го потпишаа претседателот на ФК „Кожуф“, Никола Танчевски и тренерот Ѓоре Јовановски, Јовановски, еден од најпознатите и најтрофејни македонски фудбалски тренери и официјално стана нов шеф на стручниот штаб на гевгелискиот второлигаш „Кожуф“.
По потпишувањето на договорот тој ја даде и првата изјава за медиумите:
 
„Најнапред, благодарност до Градоначалникот Сарамандов и до управата на ФК „Кожуф“ на довербата да го водам овој клуб, кој е еден од најстарите во Македонија. За мене ова е едно ново искуство, затоа што сметам дека „Кожуф“ заслужува подобар третман од оној кој го имал до сега. Запознат сум со со состојбата во клубот, која не е лоша, затоа сум и тука, но и се надевам дека со една добра и посветена работа на сите чинители во клубот , од економот до мене како тренер, чекор по чекор, ќе успееме од ФК „Кожуф“ да направиме еден професионален тим, достоен за почит.
 
Составот, рече Јовановски, е спој на младост и искуство. Ќе обрнеме особено внимание на младите фудбалери, да напредуваат уште повеќе, но ќе треба да донесеме и одредени засилувања, затоа што во наредната сезона ќе играме во единствената Втора македонска лига, која, да не се лажеме, според квалитетот ќе биде тука некаде со Првата лига. За да успее еден шеф на стручен штаб во својата работа треба како услов да има добри терени и добри тренери. Затоа ќе инсистирам сите тренери во ФК „Кожуф“ да бидат едуцирани на највисоко ниво.
 
Моја, односно наша заедничка цел ќе биде што повеќе млади фудбалери да афирмираме, затоа што мислам дека во овој дел на Македонија има многу талентирани фудбалери, но ќе треба да се откријат и да се работи со нив. Најважна е селекцијата, на сите места во тимот да имаме засилувања, што повеќе подготвени играчи кои ќе ги бранат боите на клубот.
Како тренер, потенцираше Јовановски, не верувам многу во тоа со каква тактика ќе настапуваме на натпреварите, затоа што тактиката ја прават самите фудбалери, каков профил на фудбалери ќе имаме, таква тактика ќе сспроведуваме. Во зависност од можностите на клубот, од самиот буџет ќе зависи какви и колку фудбалери ќе донесеме како засилување.
 
Подготовките ќе ги организираме овде, во Гевгелија, видов дека во околните места има добри фудбалски терени за тренирање, па затоа ќе инсистирам главниот терен на Градскиот стадион да служи само за играње на натпревари, а не и за тренирање.
На прашањето дали екипата на „Кожуф“ ќе се бори за опстанок во единствената Втора македонска лига, тренерот Јовановски отсечно одговори дека до сега во неговата тренерска кариера не се борел за опстанок, па така верува дека ќе биде и со „Кожуф“.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *