ДРУГИТЕ ИМААТ МОРЕ, НИЕ СИ ГО ИМАМЕ ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО И ЛЕГЕНДАТА ЗА УБАВАТА ДОЈРАНА

На местото на денешното Дојранско Езеро се протегала широка долина со бујни ливади и разновидни градини.
На едно поткренато место имало голем извор.
Покрај долината живеела убава девојка која се викала Дојрана. Во Дојрана биле заљубени многу момчиња, но за голема несреќа и еден турски големец-кајмакам, по име Џемо. Убавата девојка не можела да замисли да се мажи за него.
Џемо, арамбашата почнал да оди по неа. Ја следел на секој чекор. Не ѝ давал мир. Наоѓајки се во безизлезна положба, а да не му падне во неговите раце, се фрлила во големиот извор.
 
Изворот го прифатил нејзиното невино тело. За да го покрие и освети, почнал да се излива. Ја покрил целата долина. За кусо време долината се претворила во прекрасно езеро. Исто како што била прекрасна и девојката Дојрана. Езерото и градот го добиле името по убавата девојка Дојрана. Езерото се нарекува Дојранско Езеро, а градот Дојран.
 
Денеска, ова преубаво езеро служи како спас од високите температури на сите граѓани од околните места, кои бегајќи од изгор цените на морските дестинации, наоѓаат разладување во водите на ова езеро.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *