„ChangeMakers4All” деновиве слават 4 години од основањето на своето здружение. Димитар Миов,Димитар Новаков, Александар Југовски,Сашка Манасијева Митрова,Ристо Томов,Никола Опров,Софија Дојранлиева,Силвија Силве, Гоце Тасевски, Венци Ристов, Марина Томова, Снежана Ристова, и Игор Јанчев се оние кои од почетокот до сега се во првите „борбени“ редови на оние кои сакаат да направат промени во својот град. Главните активности им беа, а според нивните зборови , и ќе останат и понатаму, да предизвикуваат промени во: образованието, туризмот, екологијата и хуманитарните активности.
По тој повод еве што порачаа на гевгеличани преку својот фејсбук профил:
Стартувавме на 4-ти јули 2018-та како македонско – холандиско здружение. Нашата цел е да ја подигнеме свеста, одговорноста кај граѓаните и да го чуваме нашето културно наследство, а и да ја почитуваме природата, пред сѐ. Нашата цел е да го сплотиме народот, без разлика на политичка определеност, националност, функција, да бидеме едноставно одговорни граѓани.
Работиме во сектори екологија, туризам, образование, земјоделие, хуманитарни цели, право на здравство..
Подигање на свеста, поврзување на луѓето..
Започнавме со образование и туризам па следуваше екологијата во која како здружение имавме најмногу активности и ни е главен фокус.
Во општината и пошироко станавме препознатливи и по многу хуманитарни активности, донаторски акции.
Во овие 4-ри години поминавме низ многу предизвици, работевме многу, илјадници работни часови беа потрошени во размислувања, реализација на проекти за кои што јавноста беше секогаш информирана и мислиме дека тоа време не беше залудно потрошено.
Бидете здрави, живи, весели и среќни и пред се, приклучете се кон промените.