ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА ВТОРА НА „ПЛАЧКОВИЦА ТРЕЈЛ 2022“ НА КОЈА НАСТАПИЈА СЕДУМ ЧЛЕНОВИ НА АК „7-МИ НОЕМВРИ“.

Така, денеска, недела, 10 јули, Дарко Прошев, Валентина Узунова, Никола Ковачев, Мијалчо Андоновски, Димче Андреев, Станислав Стоименов и Мики Петровски, зедоа учество на „Плачковица Трејл 2022“. Валентина Узунова и овој пат беше на висина на задачата и го освои второто место во женска конкуренција со време од 2 часа, 15 минути и 56 секунди.
 
И другите членови на гевгелискиот атлетски клуб постигнаа солидни резултати. Трката е организирана по повод Петровден од страна на Здружението Трекс и ПСД Лисец во склоп на настанот „Ја сакам Плачковица“. Должината на патеката беше 18 километри со висинска разлика од 750 метри. Стартот и финишот беа од ПД Вртешка. Имаше една контролна точка на 11 километри (Црквиште), каде тркачите можеа да се освежат со течности и храна.
 
„Ја сакам Плачковица“ всушност е надоградување на долгогодишната традиција на настап на Рок бендови на Планинарскиот дом Вртешка на Плачковица. Богатата програма која годинава уште повеќе ги надминува рамките на традиционалната музичка програма покажува дека и во иднина манифестацијата ќе расте.
 
Организаторите на „Ја сакам Плачковица“ оваа година воведоа и други содржини – искачување на врвот Лисец, МТБ велосипедска тура, Плачковица Треил од Вртешка до Туртел и Црквиште. Годинава за првпат беше организирана и детска трка.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *