МЕТОДИЈА ИЧЕВ СО УСПЕХ ГО ПРЕСТАВИ ЗПСК „КОЖУФ“ НА 11-ТА ТРКА „SKY RACE OLIMPUS“ ВО ГРЦИЈА

Методија Ичев, овој пат како член на Здружението планинарски спортски клуб Кожуф, настапи на познатата 11-та по ред 24 километарска трка „SKY RACE OLIMPUS“ .
 
Почетокот и финишот на оваа трка чија патека се движеше „меѓу небото и земјата“ на рабовите на Олимп, на надморска височина од 2000 метри, и висинска разлика од 1900 метри беа на Кокиноплос.
 
Највисоката точка на трасата која минуваше низ сртови, алпски ливади, врвови, клисури, шуми и стари заборавени патеки, беше „врвот Флампуро“ на надморска височина од 2455 метри.
 
Методија беше 24 во категорија и 92 во генерален пласман на трката на која учество зедоа околу 200 тркачи од Грција, Македонија, Полска, Албанија, Словенија и Турција.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *