Месната заедница Стојаково, која е дел од Општината Богданци, во 2021 година ги преброја и направи „попис“ на штрковите. При пребројувањето, установени беа 47 гнезда, 94 возрасни штркови и 163 млади штркови.
Оваа 2022 година, жителите од ова населено место покренуваат интересна иницијатива, штрковите да им станат заштитен знак и бренд. На својот фејсбук профил, Роберт Бурле дава и конкретни предлози :
Повеќе години ги набљудувам и пребројувам штрковите во Стојаково кои треба да бидат наш заштитен знак за нашето село.
Имам и презентирано на надлежните во Општината Богданци во оделение Екологија и ЛЕР како да направиме туристичка атракција од штрковите и тоа:
1.Две дрвени посматрачници една кај Миџо1 а другата во центарот кај лулашките за да може да се фотографират штрковите.
2.Да се исчистат каналите во Гиренот и Билик чаир таму се собират сите штркови за прихрана на нив и нивните мали .
3.Во ООУ Кирил и Методи сите деца да бидат запознаени за штрковите да цртат цртежи со штркови да напишат некоја песна или расказ од глина да направат сувенир од штрковите и др.
4.Под секоја бандера да има табла како се вика штркот на пример кој живее до нив да го ставиме прекарот или името на газдата .
5. Да се постави билборд на автопатот „Село на штркови Стојаково“ бидејки годишно по тој пат поминуват 2 м.луѓе.
6.Да се продават сувенири од штркови во маркет и киоск а во бутици да се продават маици со лого од шковите .др.
7.Да се направи забава на 1 март кога доагат ( мартинка ) и забава кога си одат тоаа е на св.пантелимон_ инаку родниот крај на штрковите е овде и живее во заедница а кога оди во африка живееат во јато.⁸
8.Голема табла на сред село во кратки црти да се опише се за штрковите
-колку километри патуваат.
– каде одат во која држава.
– колку се чистачи на природата и др.
9.Да се става и џипиес на младите штркови да се виде по која рута летат за африка.
10.Да се направи брошура албум за штрковите.
11.На повекето артикли кој се произведени во Стојаково да го има логото со штрковите .
-на слаткото на зимниците на ракијата на мастиката на ракијата од јапонско јаболка на медот и др.
12.Графити нацртени со штркови на зидовите на домот на културата и на некој куќи приватни во согласност од нив.
13.Соработка со газдите кој имат апартмани во Стојаково .
Од секогаш сум размислувал како Стојаково да привлече туристи и да има развој во тоа .
Во моите 24 години што се бавам со угустителство и живеам од тоа секој дневно со народот од Стојаково разговараме за повеке теми како да направиме бренд за туризам -а тоа се штрковите .
Имам организирано многу забави од културен и музички план но без подршка од локалната власт не можат да се реализират целосно.
Сето оваа да се рализираше пред 4 години сега веке ке имавме туристи во нашето село.
Сега за Сега само останува да ги броиме штрковите .
Од Месната заедница истакнуваат дека селото Стојаково е рамничарско село и има две големи предности – прво, има доволно безбедни места за гнездење, речиси повеќето од гнездата се на далноводи, на кои често има платформи за штркови поставени од „ЕВН Македонија“ и второ, околните обработливи површини, близината на Вардар и влажните ливади околу локалитетот Ѓол и Ѓиренот нудат доволно храна за штрковите.
„Штрковите населуваат еколошки чисти средини, што значи дека Стојаково максимално ги исполнува нивните услови за живеење. Тоа се доволни предиспозиции за штрковите да имаат растечка и самоодржлива гнездечка популација во селото.
Да им посакаме на стојачани успех на оваа нивна иницијатива и што побрзо истата да ја реализираат.