ГЕВГЕЛИЈА ДОМАЌИН НА МЕЃУНАРОДНИОТ МЕМОРИЈАЛЕН КОШАРКАРСКИ ТУРНИР „БОБИ ПЕТКОВСКИ“

Викендов што е пред нас ќе донесе интересен кошаркарски турнир во кој веруваме ќе уживаат сите љубители на кошарката во Гевгелија. Имено, од 15 до 17 јули во организација на Кошаркарската федерација на Македонија, КК „Кожув“ и Општина Гевгелија, во салата „26 Април“ ќе се одржи Првиот меморијален кошаркарски турнир „Боби Петковски“, во сеќавање на прерано починатиот тренер на младинските категории на КК „Кожув“.
 
На овој турнир учество ќе земат машките репрезентации до 18 години на Македонија, Бугарија, Грција и Црна Гора. Секој ден на програмата ќе бидат по два натпревари, а влезот во салата ќе биде слободен.
 
Така во петок, на 15 јули од 17 часот се среќаваат репрезентациите на Црна Гора и Бугарија, а од 19 часот силите ќе ги одмерат репрезентациите на Македонија и Грција.
 
Наредниот ден, сабота, 16 јули, од 17 часот гледачите ќе го следат натпреварот помеѓу Грција и Црна Гора, додека од 19 часот играат Македонија и Бугарија.
 
Последниот ден на турнирот, недела, 17 јули, најнапред од 17 часот ќе се сретнат репрезентациите на Македонија и Црна Гора, за да во 19 часот турнирот го затворат репрезентациите на Бугарија и Грција.
 
Ќе биде ова одлична можност за Македонската машка репрезентација до 18 години, предводена од селекторот Тони Симиќ, да ја провери својата форма пред престојното Европско првенство за јуниори, кое во периодот од 30 јули до 7 август ќе се одржи во Измир, Република Турција.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *