НА МЕМОРИЈАЛНИОТ КОШАРКАРСКИ ТУРНИР „БОБИ ПЕТКОВСКИ“ ДЕНЕС ЗА ПРВОТО МЕСТО ЌЕ СЕ БОРАТ МАКЕДОНИЈА И ЦРНА ГОРА

Вечерва, во Гевгелија, со доделување на пехарите на најдобрите, завршува тридневниот меморијален кошаркарски турнир „Боби Петковски“. На последниот ден од собирот во Гевгелија, македонската селекција „под 18“ години, од 17 часот ќе игра за првото место против Црна Гора. Три часа порано, во 14 часот,на теренот во салата „26-ти Април“ ќе играат репрезентациите на Бугарија и на Грција. 

Претходните два дена македонските млади кошаркарски надежи извојуваа две победи, против Грција и Бугарија, како дел од контролните подготовки за Европското првенство во Измир, Република Турција. КФМ, Општина Гевгелија и КК „Кожув“ заслужуваат честитки за успешно организираниот турнир посветен на прерано починатиот Боби Петковски, некогашен тренер на младите таленти на КК „Кожув“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *