ПОТПИШАН БИЛАТЕРАЛНИОТ ПРОТОКОЛ ВО СОФИЈА:

БУГАРИЈА НЕ ГО ПРИЗНАВА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК, ПРОТОКОЛОТ ЌЕ БИДЕ ДЕЛ ОД ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА, ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ ЌЕ ПОЧНАТ ДУРИ ОТКАКО ЌЕ СЕ ВНЕСАТ БУГАРИТЕ ВО НАШИОТ УСТАВ
 
Протоколот содржи исклучително амбициозни мерки, кои во пракса имаат за цел да решат многу од отворените прашања. Ова не е документ сам по себе, туку составен дел од пакетот на таканаречениот „француски предлог“.
 
Договорот за добрососедство, за кој бугарските медиуми известуваат дека ќе биде дел од преговарачката рамка на Скопје за членство во ЕУ содржи мерки за наставните програми за историја, говор на омраза и култура.
 
Генчовска, по потпишувањето, рече дека отсега зависи само од Македонија кога земјата ќе влезе во ЕУ и колку долго ќе се одолговлекува преговарачкиот процес.
 
Фактичкиот почеток на тие преговори, односно отворање поглавја, нема да се случи додека не бидат направени измени во македонскиот устав, односно запишување и на бугарскиот народ во Уставот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *