МАКЕДОНСКАТА ЈУНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ПРВА НА МЕМОРИЈАЛНИОТ ТУРНИР „БОБИ ПЕТКОВСКИ“ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Машката кошаркарска селекција на Македонија на играчи под 18 години со победа против Црна Гора-65-57 го освои првото место на првиот меморијален турнир „Боби Петковски“ кој изминатиот викенд се одржа во Гевгелија.
Македонскиот репрезентативец, Симиќ го доби признанието за најдобар кошаркар на турнирот. На трите одиграни натпревари, капитенот на нашата ј селекција постигна вкупно 49 поени.
 
Турнирот во Гевгелија, на кој учествуваа и јуниорските репрезентации на Црна Гора, Грција и Бугарија, беше една од главните проверки за македонската јуниорска репрезентација пред Европското првенство во Измир, Република Турција кое почнува на 30 јули
 
Поради големиот придонес за развојот на кошарката и на младите категории во Општина Гевгелија во знак на благодарност, КК Кожув со Општина Гевгелија, и во соработка со Кошаркарската федерација на Македонија, со успех го организираа овој прв меморијален турнир во кошарка во чест на прерано починатиот кошаркарскиот работник Боби Петковски.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *