ДЕЈАН МАЛЗАРКОВ, СИТ ДАУН „ДИВЕРЗАНТОТ“ ГО ИСПОЛНИ ВЕТУВАЊЕТО:

„ЗА РАЗЛИКА ОД ДИЈАЗЕПАМОТ, КОЈ ГО ПИЈТЕ СЕКОЈ ДЕН, ЗА МОЈТА ПРЕТСТАВА КАРТА КУПУВИШ ЕДНШ И СЕ ТИ ПОМИНАВЕ. !

Дејан Малзарков, стенд ап артист, е момче кого сите во Гевгелија многу добро го познаваат, а преку видео клиповите, создавани преку „Диверзија Produstion“ и кои имаат милионски прегледи, веќе шеста година го запозна и пошироката македонска јавност. Иницијатор за снимање на првото клипче била мајката на Дејан. Клиповите ги прави на гевгелиски дијалект, а неговиот „диверзантски“ пријател Димитар Новаков сето тоа го снима исклучиво со мобилен телефон.
 
Токму на шест годишнината од „Диверзија“, Дејан Малзарков настапи пред полната спортската сала „26 Април“ во Гевгелија и со тоа успеа да го потврди статусот на еден од најголемите стенд ап артисти во Македонија. Претходно, со проектот „Училница“ ја наполни салата на Градскиот театар во Гевгелија, а во средата со својот „Митинг“ го направи она што ретко им успева и на најпопуларните музички ѕвезди од нашата држава и пошироко. Цел еден час салата во Гевгелија се „тресеше“ од смеата на публиката која онака, од срце, реагираше речиси на секоја реченица изговорена на овој „Митинг“.
 
За разлика од политичарите, кои она што ќе го ветат на своите предизборни митинзи, подоцна,ретко го исполнуваат, Дејан Малзарков, се она што го вети пред настапот, го оствари стопроцентно. Успеа, барем за малку да ги оттргне гевгеличани од секојдневните грижи и проблеми и да им ги врати насмевките на нивните лица.
 
Неподелено е мислењето дека полесно еден актер со својот настап може да ја натера публиката да заплаче, отколку да ја насмее. Дејан, актер, аматер, со својот вроден талент, го прави тоа на толку лесен начин, што на тоа би му позавиделе и многу професионални актери. Момчето кое сакаше да студира уметност, најпрво научи да свири на тапани, да прави музика, за да негова целосна преокупација стане „Диверзија Production“.Зад овој проект, кој слави шест години постоење стојат Дејан Малзарков, како истурен „центарфор“ и Димитар Новаков, позадинска поддршка, пишување со Дејан сценарија и фотографирање.
 
Гевгеличани многу добро го познаваат Дејан преку урнебесните видео клипови во кои дефилираат ликовите на Чик Ване, Пецко Иглесијас, Џоче Сатријани, Добрилка Доби Калакурова и други и кои имаат досега неколку милиони прегледи на you tube.
„Диверзија е мој начин на живот, изјавува“ Малзарков.Секој ден околу нас се случуваат настани кои душа даваат за стенд ап интерпретација. Ние од „Диверзија“ сме една позитивна група на уметници-ентузијасти, која се обидува неправилностите во нашето општество да ги прикаже на еден комичен начин, но истовремено, со тоа сакаме да ги натераме гледачите по опрвичната насмевка, тие да се замислат над дисфункционалноста на целото наше општество.б„Диверзија“ е отпор кон неубавите работи, лажните вредности и нечовечките и неморални постапки. Хуморот има за цел да придонесе секој од нас да доживее подлабока состојба на вистинскиот „Јас“, вели Малзарков.
 
Инаку, верувале или не, Дејан својата кариера ја започнал уште на двегодишна возраст, кога го имитирал својот прадедо Чик Ване. Тогаш, вели Дејан, не ни помислував дека после дваесет и кусур години, мојот Чик Ване повторно ќе „оживее“ на овој „Митинг“. И не само тоа, туку ќе стане „политичар“ кој на своите „избирачи“ ќе им ветува решавање на сите нивни секојдневни проблеми со кои се судруваат жителите на една локална самоуправа.
 
Така, Чик Ване и другите ликови во кои се претвараше Дејан, во текот на „Митингот“, на граѓаните им ветуваше решавање на проблемот на кучињата скитници, делеше субвенции за пензионерите за да си купат влошки и скирол, ваучери за сите ученици да „одат“ во казината и коцкарниците, кои им се наоѓаат речиси пред нивните училишта, предлагаше нови имиња на улици, па така најшироката улица во Гевгелија да се вика „Благица Павловска“, мостот на Вардар да го носи името на Марјан Стојановски, поради неговата песна каде што пее за спој на два света, гевгелискиот затвор да се вика „Боки 13“, а Општината да носи име „Црна дупка“, затао што ако еднаш влезеш на работа во неа, повеќе нема излегување. Малзарков предложи и нов градски празник „Свети Депонија Загадение“, поради честите горења на градската депонија, и уште многу други предизборни далавери и мајмунлуци.
 
На крајот, го запрашавме Дејан што по овој „Митинг“:
„Подготвуваме и гостувања низ Македонија, да го промовираме гевгелискиот дијалект во оваа наша преубава татковина. Проблем со инспирацијата немаме. Во име на Диверзија, ги поздравувам сите Македонци и им порачувам на сите оние кои што ќе дојдат на нашите митинзи, дека се она што ќе им го ветиме, со мала помош на Господ и да им се оствари“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *