ХЕЛИКОПТЕР НА АРМИЈАТА ОД УТРИНАВА ГО ГАСНЕ ПОЖАРОТ КАЈ ПОГАНА

Пожарот кој започна вчера околу 13:30 часот, но подоцна попладнето се доближи до црквата и на некои места до првите куќи од селото Ѓавато, од синоќа е под контрола, но сеуште активен. Од 6 часот утринава во гаснењето е вклучен и хеликоптер од АРМ, кој веќе има направено десеттина прелети.
 
Утрово во 5:30 часот екипи на ТППЕ Гевгелија, доброволното противпожарно друштво Дојран, екипи на ТППЕ Струмица и Кавадарци, како и Шумско стопанство – Гевгелија, дел од месното население или околу 55 луѓе се излезени на терен.
Надмината е опа сноста која цела ноќ му претстоеше на селото Ѓавото, пожарот е концентриран на сртот на ридот на месноста викана Погана.
 
Дождот кој синоќа кратко врнеше во овој крај за момент го стивна пожарот но поради ветерот пред полоќ, огнот повторно зеде замав и го доведе во опасност локалното население. Екипи од Неготино, Кавадарци, Валандово, Гевгелија и Дојран беа цела вечер на терен.
 
Од Центарот за управување со кризи објавија дека беа загрозени е ветерници во околината, како и препумпната станица со која со вода се полни Дојранското езеро. Надлежните не испратија хеликоптер вчера поради временските услови и времето од денот (хеликоптерите не можат да гасат пожари навечер).

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *