ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ИМА 16 ЛИЦЕНЦИРАНИ ФИРМИ ЗА ТАКСИ ПРЕВОЗ, НО СЕ ЕВИДЕНТИРАНИ И ВОЗИЛА КОИ НЕМААТ ЛИЦЕНЦИ И ВОЗАТ „НА ДИВО“

На последната седница на Советот на Општина Гевгелија, советниците ја проследија и имформацијата за Состојбата со авто такси превозот на патници во општината.
 
Според евиденцијата од Одделението за комунални работи и локални патишта, во Општина Гевгелија има 16 лиценцирани фирми за вршење на авто такси превоз на патници со вкупно 40 изводи од лиценци.
 
Како што информираше овластениот инспектор за патен сообраќај во Општина Гевгелија, кој го врши инспекцискиот надзор над примената на Законот за превоз во патниот сообраќај, во периодот од април до јуни месец извршени се неколку инспекциски контроли.
 
Во овие контроли се евидентирани возила кои немаат лиценца и вршат незаконски такси превоз. Дел од нив немаат нити никакви ознаки а патнизите затекнати внатре тврделе дека возачот им е роднина или пријател и дека не им наплаќал пари.Поради немање докази, овластениот инспектор не може да поднесе пријава за поведување на прекршочна постапка.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *