БЕЛА ЧУМА : СПОРЕД ПОПИСОТ ОД 2021 ЕДНА ТРЕТИНА ОД БРАЧНИТЕ ПАРОВИ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ БЕЗ ДЕЦА

Во согласност со Програмата за објавување и дисеминација на податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021г, Државниот завод за статистика, во четвртиот сет ги објави пописните податоците кои се однесуваат на:
 
– домаќинствата и семејствата според нивниот состав и големина,
– начинот на снабдувањето со вода за пиење на домаќинствата,
– број на станови според бројот на лица во становите, нивната опременост со инсталации и помошни простории и
– дел од карактеристики на зградите.
 
Според овие податоци
– Вкупниот бројот на индивидуалните домаќинства изнесува 598 632, а просечниот број на членови во домаќинствата изнесува 3.1.
– Според бројот на членови во индивидуалните домаќинства, 468 336 лица или 25.5% живеат во четиричлени домаќинства.
– Бројот на лица во самечки домаќинства изнесува 103 237 или 5.6% .
– Бројот на семејства изнесува 538 348.
– Според семејниот состав: 233 570 семејства или најголемо учество од 43.4% имаат брачните парови со најмалку едно дете под 25 години што живее со нив, 167 556 семејства или 31.1% се брачни парови без деца, 9 379 семејства или 1.7% се сам татко со најмалку едно дете под 25 години, а 26 619 семејства или 4.9% се сама мајка со најмалку едно дете под 25 години.
– Според начинот на снабдување на домаќинствата со вода за пиење, 91.4 % користат вода од јавен водовод, додека 2.14% домаќинства користат флаширана вода за пиење.
– Бројот на населените станови изнесува 531 987 или 63.4% од вкупниот број на станови.
– Од вкупно 839 174 станови, 37 409 или 4,5% немаат инсталација за електрична енергија, 34 277 или 4.1% се без водоводна инсталација, а 60 807 или 7.3% немаат систем за канализација.
– Од вкупно 533 659 згради, само 182 274 имаат енергетски ефикасна фасада или 34.2%, а само 13 142 или 2.5% имат пристап за лица со посебни потреби.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *