И МАКЕДОНИЈА ЈА ОДБЕЛЕЖУВА СВЕТСКАТА НЕДЕЛА НА ДОЕЊЕТО

И Македонија се вклучува во одбележување на Светската недела на доењето, која трае од 1-ви до 7-ми август. Здружението за грижа и едукација на бремени жени, мајки и деца Лулка од Скопје, Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство и компанијата Хипомед, оваа година, ja одбележуваат неделата на доење со едукација на сите медицински сестри и акушерки за доење, со јавна кампања за промоција на значењето на доењето и со донација на Bempu Tempwatch алки за хипотермија, за предвреме родените бебиња испишани од Одделението за неонатална интензивна нега на Клиниката.
 
Под слоганот „Заложи се за доењето“, годинава, Светската недела на доењето е насочена кон развој и зголемување на капацитетите на здравствениот систем и на општеството за поддршка на доењето.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *