ВО ПРВАТА НЕДЕЛА ОД АВГУСТ СО КОНЦЕРТ, ЧИТАЊЕ ПОЕЗИЈА И ПРОМОЦИЈА НА МУРАЛ ПРОДОЛЖУВА „ГЕВГЕЛИСКОТО КУЛТУРНО ЛЕТО“

Дом на културата „Македонија“, заедно со Општина Гевгелија се погрижија и во овие летни горештини, гевгеличаните кои остануваат во својот град да можат да проследат разновидна културно-уметничка програма.
 
Така, веднаш по големиот Македонски празник Илинден, во среда, на 3 август, со почеток од 21 часот на платото пред Народниот театар, љубителите на џез музиката ќе имаат можност да присуствуваат на концертот на Филип Динев, на гитара и Пенче Кралев, контрабас.

На 4 август, со почеток од 20 часот Библиотеката „Гоце Делчев“ организира Литературно читање на роднокрајни автори, на кое, на платото пред библиотеката ќе настапат поголем број на автори од ова поднебје кои создаваат литературни дела.

 Музичката придружба ќе биде на Филип Динев и Пенче Кралев.
Последниот настан за идната недела ќе биде Промоција на муралот на уметникот Миле Ничевски изработен на Ракометното игралиште на ДТВ „Партизан“,во петок на 5 август.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *