ВО ЈУГОИСТОКОТ СЕ ИМПЛЕМЕНТИРА ПРОЕКТОТ ЗА РАНО ОТКРИВАЊЕ НА ПОЖАРИТЕ И СПРАВУВАЊЕ СО КАТАСТРОФИ

Општата цел на овој проект, кој се изведува од Центарот на ЈИПР а во партнерство со Центарот за управување со кризи од Македонија и Република Грција, е ефикасно откривање и управување со шумски пожари во прекуграничната област преку соодветни ИКТ алатки со цел зголемување на подготвеноста како и размена на практики меѓу двете земји. Развојот и имплементацијата на ИКТ системи за ефикасно рано откривање на шумски пожари, со зголемена прецизност, намалување ниски стапки на лажни аларми и способност за 24/7 работа ќе го покаже потенцијалот на ваквата иновативна технологија која ќе придонесе кон рано предупредување за ризик од катастрофи од шумски пожари.
 
Капацитетот за спречување и одговор при катастрофи главно ќе се надгради преку иновативен, ефикасен и практичен, систем за откривање чад во реално време, далечинско согледување, кој ќе понуди зголемена точност за локализација на пожарот, ограничено доцнење за откривање, минимизирање на лажни аларми и следење на големи површини во 24/ 7 операција на избрани области со висок ризик.Во исто време ќе се набават две специјализирани возила за територијалните противпожарни единици во Струмица и Гевгелија.
 
Малиот камион за спасување ќе биде за употреба на Територијалната противпожарна единица – Гевгелија која е одговорна и опфаќа простор од 3 општини во Југоисточниот регион, општина Гевгелија, општина Богданци и општина Дојран.
Возилото односно пикапот за прв одговор ќе биде за употреба на Територијалната противпожарна единица Струмица која е одговорна и опфаќа простор од 4 општини во Југоисточниот регион, општина Струмица, општина Василево и општина Босилово, општина Ново Село.
 
Југоисточниот регион се состои од само 10 општини и секогаш кога има поголем пожар во шумите многупати се зафатени најмалку две општини, затоа обично сите четири територијални противпожарни единици си помагаат со возила и човечки ресурси.
Имајќи го предвид ова, набавената опрема во рамките на овој проект ќе ги опслужува потребите на целиот регион.
 
Вкупна вредност на проектот изнесува 1,392,073.50 € од кои буџетот на ЦРЈИПР е 267,939.50 €.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *