ГЕВГЕЛИЧАНЕЦОТ ГОРАН МИЛАНОВ, ОД ДАЛЕЧНАТА ГВАЈАНА НИ ГО ЧЕСТИТА ИЛИНДЕН РАСКАЖУВАЈЌИ СО СОЛЗИ ВО ОЧИТЕ :

Единствениот Македонец што се попишал во Гвајана е гевгеличанецот Горан Миланов. Во оваа држава на североисточниот брег на Јужна Америка, Горан живее веќе четири години и работи во Џорџтаун, во хотел од франшизата Рамада Плаза. Марунците, кои се Африканци од црната раса, се најмногубројните жители во внатрешноста заедно со Америндијанците. Марунците се потомци на избеганите африкански робови и живеат по долж реката Марони.
 
Тој ни се јави утринава, за да го честита Илинден на сите гевгеличани, и на сите македонци низ светот, раскажувајќи ни за тоа што му се случило днеска додека се враќал во својата хотелска соба:
 
„ Откога завршив со работа, влегов во лифтот за да одам во мојата соба која се наоѓа на 6-от спрат од хотелот. На вториот спрат лифтот застана, за да влезат еден постар слеп човек, со својот придружник, жители на Гвајана. Ме прашаа до каде оди лифтот, и откако им одговорив, тие ми кажаа дека одат во приземјето. Им велам, ајде тогаш малку ќе се повозиме заедно. Дознавам дека денес и тие имаат свој празник, ослободување од странското ропство, и затоа се облечени во африкански свечени носии.
Едниот ме праша од каде сум. Јас одговарам од Македонија. Ме изненади нивната реакција, двајцата извикнаа, еј па ти си од земјата со најголема историја во светот, многу имаме читано за Вас. Ме прашуваат дали сум горд што сум Македонец.
Јас им се заблагодарив на убавите зборови, им одговорив, да горд сум што сум Македонец и навистина имаме голема историја, која за жал сега нашите политичари сакаат да ја продадат. Лифтот стигна до шестиот спрат, им посакав убав престој, а јас си заминав со насолзени очи.
 
„Нека ни е честит Илинден, нека ни е вековита Македонија, пишува на крајот Горан

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *