ЕКИПАТА НА “ДОН АНДОН” ПОБЕДНИЦИ НА ВТОРИОТ МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР “ИВАН ПЕНОВ”

Со прогласувањето на победниците, вчера, на 4 август, кога прерано починатиот кошаркар требаше да наполни 20 години, заврши вториот по ред Меморијален турнир во баскет 3х3 „Иван Пенов“ на кој оваа година учествуваа вкупно 21 екипа.
 
Кај сениорите, првото место го освои екипата на “ДОН АНДОН”, која со резултат 21:12 беше подобра од екипата на ЖФ „Стокол“. Со ова тие ja oсвоија наградата за првото место во висина од 800 евра, додека второпласираните ЖФ „Стокол“ ја освоија наградата во висина од 600 евра. Третото место и наградата во висина од 400 евра им припадна на екипата на „Ресторан Крим“.
 
На финалниот натпревар во категоријата јуниори, екипата на „Римаг“ беше поуспешна од екипата на „Амигос“ со резултат 15:3 и ја освоија наградата за прво место од 300 евра. Второпласираните „Амигос“, ја освоија наградата од 200 евра, додека трети беа „Балерс“, освојувајќи ја наградата од 100 евра.
 
За победник во шут за 3 поена беше прогласен Никола Бојчев, Димитар Лазаревски за MВП на турнирот, а Илија Колев за МВП во финалето.
 
Во знак на благодарност, од страна на организаторите им беа доделени плакети на сите покровители и поддржувачи кои помогнаа во реализацијата на Меморијалниот турнир во чест на прерано починатиот Иван Пенов.
 
Натпреварите беа одиграни во вечерните часови на реновираното кошаркарско игралиште “Иван Пенов”, кое беше преполнето со публика за време на сите денови на одржување на овој турнир.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *