ПРВ МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР ВО БРЗОПОТЕЗЕН ШАХ „ВЕНЦИ ПОПОВ“

Најдоцна до 19-ти август трае пријавувањето за првиот Меморијален турнир во брзопотезен шах „Венци Попов“, кој ќе се одржи на 21 август 2022 година во Негорските бањи. Организацијата на овој турнир е на неговата фамилија и ШК. 7-ми Ноември“ од Гевгелија.
 
Турнирот ќе се игра по швајцарски систем, во 13 кола, по пет минути за една партија. На него може да учествуваат сите шахисти од Македонија со ФИДЕ код, а наградниот фонд изнесува 55.500 денари.
 
Како што не информираше претседателот на Шаховскиот клуб „7-ми Ноември“, Петар Танчев, турнирот се организира во чест на Венци Попов, прерано починат наш сограѓанин, кој три пати во својата кариера беше младински првак на Македонија во шах.
 
За сите информации и пријавувања обратете се на Пепи Танчев 078 / 286-399 или Најдески Благојче 070 / 998-929.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *