ГЕВГЕЛИСКОТО КУЛТУРНО ЛЕТО ПРОДОЛЖУВА…

Гевгелиското културно лето продолжува и во втората недела од август. 
 
Најпрво, вечерва во 20 часот ќе се одржи Промоција на муралот на гевгелискиот ликовен уметник Миле Ничевски кај ракометното игралиште „Партизан“.
 
Утре, среда,на 10 август, на платото пред Народниот театар, со почеток во 20:30 часот, ќе биде одржан Концерт на млади гитаристи, на кој ќе бидат презентирани усвоените знаења за свирење гитара и бас-гитара на дечињата кои ја посетуваат Школата за гитаристи, под менторство на Костадин Динев, гитаристот и член на групата „Зијан“.
 
На 12 август, на платото пред Градската библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија, ќе биде промовирана поетската збирка „Сонцестој“ на дојранчанката Катерина Гогова. Промотор ќе биде Ирена Јурчева, професор и преведувач, авторка на поезија и кратка проза. Промоцијата ќе започне во 20:00 часот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *