РЕЗЕРВНИТЕ ВОЕНИ СТАРЕШИНИ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ГО ЧЕСТИТААТ 18 АВГУСТ-ДЕНОТ НА АРМ

Армијата на Република Македонија одбележува 30 години од своето формирање, респектабилен јубилеј што говори за храброста и истрајноста на македонските граѓани да се создаде нешто од ништо, да се создаде армија што ќе одговори на сите безбедносни предизвици.
 
Процесот на создавање на македонската армија, како што нагласуваат воените историчари, е во согласност со традициите на Разловечкото, Македонското (Кресненско) и Илинденското востание, започнат со формирање на Првиот баталјон „Мирче Ацев″, првата регуларна воена единица на македонскиот народ.
 
Баталјонот „Мирче Ацев“ се формира со наредба на Штабот на II оперативна зона на 18 август 1943, на Славеј Планина, а го сочинувале борци од одредите „Даме Груев″, „Димитар Влахов″ и други од подрачјето на Западна Македонија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *