НА ЈУГОИСТОКОТ ДОЈРАН БЕЗ АКТИВНИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19, ВО ГЕВГЕЛИЈА АКТИВНИ СЕ 62 СЛУЧАИ

Дојран е единствениот град во Македонија во кој нема регистрирано ниту еден болен од Ковид 19. На Југоистокот најмногу активни случаи има во Струмица 88, во Гевгелија активни се 62, во Богданци 17 додека во Валандово активни се 9 случаи.
 
Комисијата за заразни болести одржа состанок, на кој што заклучи дека земјата е во фаза на широка трансмисија со соодветни капацитети за одговор, а во такви услови нема потреба од нови ковид-мерки. КЗБ апелираше на одговорно однесување и почитување на актуелните мерки.
 
– Останува препораката за сите граѓани, а особено за граѓаните кои спаѓаат во ризични групи за потежок тек на болеста да се придржуваат до сите потврдени епидемиолошки мерки за заштита од инфекција, како често и темелно миење или дезинфицирање на раце, избегнување на гужви и престој во затворени и непроветрени простории и носење на заштитни маски, како и придржување до препораките за вакцинација против Ковид-19, апелираше Комисијата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *