ССМ ПРЕДУПРЕДУВА ЗА ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА РАБОТНИКОТ ВО МАКЕДОНИЈА:

„ДОБИВКАТА НА 100-ТЕ НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ СЕ ЗГОЛЕМИЛА ЗА 42 НАСТО, ПЛАТИТЕ НА РАБОТНИЦИТЕ ПОРАСНАЛЕ САМО ЗА 6 НАСТО“
 
100-те најголеми компании оствариле вкупна добивка од 735,5 милиони евра во 2021 година, додека во 2020 година, добивката на овие компании била 517,4 милиони евра, што значи дека за една година добивката се зголемила за 42 проценти“
 
– Тоа значи дека работниците само во овие 100 најголеми компании биле попродуктивни и на своите работодавачи им сработиле фантастична добивка за дополнителни 218,1 милиони евра за само една година – потенцираат од ССМ.
 
Синдикалците потсетуваат дека Владата и работодавачите бараат поголема продуктивност, а поради политиките на Владата кон работниците и алчноста на работодавачите, на зголемена добивка од 42 отсто од 2020 до 2021 година, им ги зголемиле платите за мизерни 5,8 отсто колку што се зголемила просечната плата од декември 2020 до декември 2021 година според Државниот завод за статистика.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *