АНАЛИЗАТА НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗАГРИЖУВА:

САМО 55,4 % ОД МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ БИ ЈА БРАНЕЛЕ МАКЕДОНИЈА АКО БИДЕ НАПАДНАТА. ПРИЧИНИ ИМА ПОВЕЌЕ.
 
Ова го покажуваат резултатите од анализата што ја направи Европската комисија, според кои, само 55,4 отсто од македонските граѓани се подготвени да се борат за својата земја, доколку таа биде нападната.
 
За разлика од Македонија, меѓу најборбените во заштитата на својата земја се Грците, со 87,9 отсто, по нив се Словенците со 87,5 отсто, следуваат Албанците со 85,4 отсто и Турците со 83 отсто. 

Борбени се и Бугарите со 77,5 отсто, Хрватите со 74,2 отсто, а по нив следуваат Романците со 68,2 отсто, Србите со 65,9 отсто и Црногорците со 61,1 отсто.
 
На претпоследно место граѓаните на Босна и Херцеговина, каде што 59,5 отсто би ја бранеле својата држава, а последни се Македонците со 55,4 отсто.
 
Причини за ваквата апатичност и индиферентност на македонските граѓани и губење на нивниот патриотизам може да се бараат во неколку сегменти.
 
Првиот е образованието. Денешната младина не е доволно воспитувана во образовниот процес да си ја сака татковината, туку во училиштата се учи за некои други работи, кои не можат да се наречат вредности.
 
Вториот се политичките партии. Политичарите 30 години не им понудија квалитетен живот на граѓаните, туку само поделби и градба на култ кон водачите на партиите а не култ на сакање на својата татковина.
 
И третиот, можеби најважниот е корумпираноста и неможноста на младите да најдат работа доколку не поседуваат партиски книшки, што ги тера да се отселуваат од својата земја.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *