ДЕНЕСКА, ЗА ПРВ ПАТ ПО ДЕСЕТ МЕСЕЦИ, НЕМА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19

Денеска за прв пат по 2 септември лани во земјава нема регистриран смртен случај како последица од ковид во 24 часа, соопштија од Министерството за здравство.
Вирусот е далеку од победен, но оваа мала победа ни влева надеж дека сме се поблиску до ставање крај на агонијата. Сепак, мерките мора да продолжиме да ги почитуваме, а еднствен начин да го намалиме бројот на жртви е масовно да се вакцинираме, велат од МЗ
Во последните 24 часа се направени 3 068 тестирања, а регистрирани се 8 нови случаи од: Скопје – 3, Тетово – 2, Велес, Кичево и Охрид- по 1.
Активни случаи нема во осум општини и тоа Богданци, Дојран, Демир Капија, Кавадарци, Ресен, Берово, Пробиштип и Пехчево, а во Гевгелија активни се само тројца.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *