ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА ПРВА ВО СВОЈАТА КАТЕГОРИЈА, СЕДМА ВО ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН, МЕТОДИЈА ИЧЕВ ШЕСТИ ВО КАТЕГОРИЈА, 36 ВО ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН

Шестото издание на меѓународната трка во планинско трчање „Водно-Матка Треилс” се одржа денеска во околината на Скопје, на планината Водно и споменикот на природата Матка. Настанот е еднодневен и беше во организација на здружението „ТРЕКС” од Скопје
 
Во овогодинешното издание учествуваа 522 учесници од 26 држави. Меѓу нив се најдоа и Валентина Узунова од ЗПСК „КОЖУФ“, која во трката на 40 километри беше прва во категоријата +55, а осма во генералниот пласман кај жените,додека Методија Ичев од “ЗПСК “Кожуф” во трката на 27 километри во категоријата +35 го освои шестото место додека во генерален пласман беше 36.
 
Водно-Матка Треил Маратонот е поголемата трка од 229 натптеварувачи. „Водно-Матка Треилс“ и е еднодневен спортски настан – трка во планинско трчање со должина од 40 километри и висинска разлика од 2700 метри. Трката се одвива во околината на градот Скопје – на планината Водно и во кањонот Матка – област која изобилува со природни реткости и културни споменици од минатото.
 
Водно Треил е средната трка од „Водно-Матка Треилс“. Полумаратонот стандардно е долг 21км. Ние додаваме на тоа нешто плус, така што 27км со 1,360 метри искачување не е шега. Ама како викаат волците: ноу пеин ноу геин!

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *