НАСКОРО ИЗЛЕГУВА ВТОРАТА КНИГА НА МАГДЕ АНГОВА „НИТУ ВИСТИНА,НИТУ ЛАГА“

Втората книга за деца на писателката Магде Ангова со наслов “Ниту вистина ниту лага” наскоро ќе излезе од печатница! Како што вели авторката, малку е да се каже дека книгата е создадена со многу љубов. Таа е создадена од фантазии, соништа, копнеж и мистичност.
 
Во неа се најдоа 14 басни кои ја прават целината на оваа читанка и откриваат важни животни вистини, а лагата во нив е толку умешно протната што нема ниту да ја забележите. Книгата е во издание на Арс Ламина, а уредник е единствената – Оливера Ќорвезироска.
 
Своевремено големиот собирач на народни умотворби Марко Цепенков рекол: “Малите книги голем ум даваат”.
Нека биде ова убава препорака за родителите и нивните мали и најмили да ја прочитаат “Ниту вистина ниту лага”, и да уживаат во авантурите и итроштините на животните во книгата, а наравоученијата од истата да бидат нивни секојдневни животни лекции.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *