ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД 7-МИ АПРИЛ, ДЕНОТ НА ЗДРАВСТВОТО, ОД ДИРЕКТОРОТ НА ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА СО ПРОШИРЕНА ДЕЈНОСТ ГЕВГЕЛИЈА, Д-Р МИТКО КРЏЕВ

Почитувани здравствени работници и соработници /доктори, медицински сестри, болничари, медицински технолози и помошен персонал / почитувани граѓани,
 
Денес е 7- ми Април Ден на здравството. Оваа година, Светскиот ден на здравјето ја одбележува својата 75-годишнина, а темата за 2023 година е „Здравје за сите: Зајакнување на примарната здравствена заштита“. Целта на оваа иницијатива е да се нагласи важноста на примарната здравствена заштита како основа на секој успешен здравствен систем, особено во светло на пандемијата што ја зафати планетата во последните години.
 
И на овој 7 април 2023 година, сеуште актуелната пандемија на Covid-19, разните вирусни заболувања, како и појавата на некои заборавени болести, болести кои биле искоренети во минатото, не ни дозволуваат да се опуштиме и традиционално да го прославиме празникот. Но, тоа не значи дека не треба со право да бидеме горди и достоинствени на она што изминатата година го работевме и она што денес го работиме како секојдневен наш ангажман. Сакам да потенцирам дека во изминатиот период 

Општата болница се здоби со нови медицински апарати со кои се подобрува и олеснува дијагностиката на пациентите од општините за кои е надлежна болницата.
Сите ние,здравствените работници од Општата болница Гевгелија, во изминатата година работевме заеднички, работевме пожртвувано и несебично и пред се работевме професионално, со една единствена цел, да го зачуваме здравјето и животот на нашите граѓани.
 
Затоа, и на овој Ден на здравството сакам да им порачам на граѓаните да бидат сигурни дека, ќе ги вложуваме сите свои капацитети и стручен потенцијал и во иднина, како и досега, за да одговориме на сите предизвици кои ќе се појават пред нас. Бидејќи здравите граѓани се најголемото богатство што може да го има секоја земја“
Нека ни е честит празникот, Ден на здравството.
 
Со почит,
Д-р Митко Крџев Директор на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Гевгелија

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *