СЕМАКЕДОНСКИ ПРАВОСЛАВЕН СОБОР ВО ГЕВГЕЛИЈА

Возљубени духовни чеда на нашата Света Македонска Православна Црква, на ден 01. 10. 2023 година (недела), кога црковно ќе им оддадеме почит на сите македонски светители го повикуваме целиот македонски православен народ, да земе учество на светата Божествена Литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Гевгелија и да биде дел од овој традиционален собор, кој имаме силна желба и потреба истиот да го одржиме жив уште многу години.
 
Светата Божествена Литургија ќе започне во 08.45 часот, а на неа ќе чиноначалствува Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на надлежниот Митрополит Повардарски г. Агатангел, членови на Светиот Архиерејски Синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, како и бројно македонско свештенство и монаштво.

На литургијата ќе пее градскиот мешан хор Гортинија.
 
За многу години !

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *