ПОВЕЌЕ ОД 11.000 УЧЕСНИЦИ НА 19-ОТ ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН“. МЕЃУ НИВ ТРЧАА И УЧЕСНИЦИ ОД АК„7-МИ НОЕМВРИ“

Над 11.000 тркачи од 53земји од светот, утрово ги исполнија скопските улици со спортска атмосфера, натпреварувачки дух и многу задоволни лица. Ваква беше сликата на стартот на 19то издание на Виз Ер Скопски маратон.
 
Меѓу стартерите се појавија и 20 членови на АК „7-ми Ноември“ од Гевгелија, Мики Петковски, Димче Андреев, Мијалчо Андоновски, Зоран Иванов, Благојче Темелковски, Методија Ичев, Валентина Узунова, ивко Петков, Дарко Прошевски, Драган Ристов, Ангел Арнаудов, Александар Толов, Натка Стоева, Надица Несторова, Тања Несторова, Александар Ѓосев, Мартин Итов, Ристо Котев и Кимо Арнаудов.
 
Трките започнаа точно во 8 часот и тркачите на маратон, полумаратон, штафетниот маратон „ЕУ за спортот“, од кај старата Градска општа болница „Св. Климент Охридски“, поминаа низ плоштадот „Македонија“ и од булеварот Митрополит ТеодосијГологановсеупатијаконХром. Учесниците на 5км својата трка ја започнаа од „Рекорд“ кон Аеродром. Финишот на сите трки беше плоштадот „Македонија“, како традиционалното место за завршување на Виз Ер Скопскиот маратон.
 
На овогодинешното издание на Виз Ер Скопски маратон, победник во машка конкуренција беше Виктор Киплагат Серем од Кенијасо време од 02:15:09, второто место го освои Лабан Черуијот од Кенијасо време од 02:16:03, а пиедесталот го дополни нашиот натпреварувач Дарио Ивановскисо време од 02:19:08.
 
Во женска категорија прва до целта стигна Рут Чемисто Матебо од Кенијасо време од 02:44:17, второпласирана заврши Мерси Јебичи Кипкемои од Кенија со време од 02:44:52и третото место го освои Марија Врајиќ од Хрватскасо време од 03:12:51.
 
Најдобар на полумаратонот во машка конкуренција бешеБен Фелтон од Велика Британијасо време од 01:09:17, на второ место заврши Велимир Бојовиќ од Србија со време од 01:09:55, додека третото место му припадна на македонскиот атлетичар Леонид Вандевски со време од 01:10:10.
 
Победничка на полумаратонот во женска категорија беше нашата натпреварувачка Адријана Поп Арсовасо време од 01:21:19, пиедесталот го пополнија Греса Бакрачи од Косово со време од 01:23:20на второто место и Наиле Сеферај од Косово со време од 01:29:53на трето место.
Наградите на победниците на полумаратонот ги додели претседателот на Македонски олимписки комитет, Даниел Димевски.
 
Победници на најкратката трка по должина, 5км, беа Пиер Фурние од Швајцарија за време 16:00 во машка конкуренција, втор заврши Александар Арсов од Македонија за време 16:14 и трет беше Григоријан Никовски од Македонија за време 16:27, додека кај дамите друштво на пиедесталот на нашата победничката Теа Божиновска за време 19:44ѝ правеа сонародничките Ирма Хајдари за време 20:33 и Гега Окета за време 20:55.
 
Виз Ер Скопски маратон е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со АК „Работнички“, под покровителство на Агенцијата за млади и спорт, Град Скопје и Делегацијата на Европската Унија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *