СПРЕЧЕН ОБИД ЗА КРИУМЧАРЕЊЕ МОТОРЦИКЛИ И ДРУГА СТОКА

Македонски увозник се обидел меѓу пријавена стока за царинење да криумчари стока во вкупна вредност од 473.632 денари. Меѓу непријавената стока се четири употребувани моторцикли со вредност од 392.285 денари, како и брусалка, бор машина, гуми за крос мотори, гуми со алуминиумски бандажи, метален сеф, пневматски пиштол, скара и котури гумени црева во вредност од 81.347 денари.

Обидот за криумчарење е откриен од страна на царинските инспектори од мобилниот тим на Царинска управа при детална контрола на камионот кој се пријавил за увозно царинење на царинската испостава Тетово.
Стоката не е декларирана во царинската увозна декларација, ниту е пријавена во приложената фактура од страна на увозникот.
Непријавена стока е одземена, а против увозникот ќе биде поднесена пријава за кривично дело криумчарење согласно член 278 од кривичниот законик.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *