ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА „ДРУГАРУВАЊЕ СО ПЕТ И ЕКО“ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Театарската претстава за деца „Другарување со Пет и Еко“ ќе другарува со најмалите граѓани на општина Гевгелија“ на 5 октомври, во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија. Детската претстава „Другарување со Пет и Еко“ ќе биде одиграна на 5 октомври 2023 година, во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 18:30 часот. Влезот чини 100 денари.
Петте јунаци преку дејството во претставата ќе им раскажат на децата за грешките што ги прават луѓето со нивното секојдневно однесување во загадувањето на животната средина, а притоа ќе ги советуваат и за каков треба да биде односот на човекот кон природата.
Улогите ги толкуваат Ристина Николова, Марко Новески и Никола Милошевски. Режијата по сценариото на Симона Ристевска е на Трајко Јордановски, а музички подуцент е Игор Станковиќ.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *