ПРЕД 28 ГОДИНИ ВРЗ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА КИРО ГЛИГОРОВ БЕШЕ ИЗВРШЕН АТЕНТАТ

На 3 октомври 1995 година врз Претседателот на Република Македонија беше извршен неуспешен обид за атентат. Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот на главата.
На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Исто така, на повредите подоцна им подлегна и Ристо Хаџиманов, пензионер, кој бил случаен минувач покрај местото на настанот.

Нападот беше извршен со автомобил-бомба на 3 октомври во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот “Бристол” во Скопје, кога Глигоров со службено возило се движел од неговата резиденција до работното место во Собранието на Република Македонија. Бомбата, поставена во автомобил АМИ 8, експлодираше кога автомобилот на Претседателот поминувал покрај него.
Од силината на експлозијата, Цитроенот беше целосно распарчен, а делови од возилото се разлетале наоколу. Експлозивната направа е производство на ЈНА, а содржела еден килограм пластичен експлозив, со стотици челични топчиња кои имале смртоносно дејство во радиус од околу 50 метри.

Овој автомобил бил намерно избран за поставување бомба, затоа што има тенок лим, којшто може од експлозијата да се распадне во повеќе смртоносни шрапнели. Еден таков шрапнел и го убил возачот на Претседателот. Нападот се случи само еден ден откако македонскиот Претседател беше во Белград на средба со Слободан Милошевиќ, при што претседателите на двете земји постигнаа договор за мегусебно признавање на двете земји.
Ниту нарачателите ниту извршителите на атентатот врз Глигоров сѐ уште не се познати, а истрагата не е затворена.

Во еден период од страгата беше изработен и фото робот на можниот извршител, а сцени од атентатот се користеа како лајт-мотив на американските криминалистички серии .
Тогашниот министер за внатрешни работи, Љубомир Фрчковски, како нарачатели ги посочи бугарската „Мултигруп“, југословенската „КОС“ , но и „Братиславска врска“, но не се пронајдени цврстии докази околу нивната вмешеност во атентатот. По ова, раководството на бугарската организација „Мултигруп“ лично дошло во посета кај Глигоров за да ги отфрли тие шпекулации.
 
Во април 2008 година е лиферувана и информација преку дневните медиуми дека организатор на атентатот била албанската организација „Кос“, но и оваа информација никогаш не е потврдена.
За обидот за атентат врз него, Глигоров напиша и автобиографска книга „Атентат – ден потоа“, што ја промовираше во 2002 година.
Првиот Претседател на независна Република Македонија Киро Глигоров почина од природна смрт на 94 годишна возраст на 1- ви јануари 2012 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *