Што сум? Кој сум? Сонувач сум само
Чијшто поглед гасне во магла и мемла
И тебе те љубам, сега, по навика дете
Ко што цигара палам по навика ете
Ти зборувам и шептам за љубов трептејќи.
„Засекогаш“, и „љубена“ и „ќе те помнам довек…“
Судбината на големиот поет Сергеј Есенин, и човечка и поетска, е единствена во руската, па и во светската литература, трагична, трогателна и преполна со скандали, депресии и себеизмачувања. „Ангел и ѓавол, истовремено“, така ќе го нарече неговата фатална љубов, балерината Исидора Данкан, уште на првата средба.
Иако била 17 години постара од него , тој во неа гледал божица и совршенство, а таа во него и ангел и ѓавол. Макар што била страсна и силна, ни оваа љубов не трале долго во животот на Есенин.
Интересна е што смртта и на двајцата се поврзува со долгите шалови на Исидора кои биле нејзин заштитен знак. Есенин се самоубил пресекувајќи ги вените и обесувајќи се со шалот подарен од Исидора (ако некои нови документи укажуваат дека не било извршено самоубиство); а години подоцна, Исидора умира возејќи се во автомобил каде долгиот шал се заплеткал во тркалото и ја задавил.
Поетиката на Есенин е имажинизмот, односно основата на неговата поезија е поетската слика. Тој се приклучил кон движењето, но никогаш не бил поет само на сликата натопена во бои и мелодии. Неговата поезија блика со човечка топлина и емоции.