СОУ ,,Гоце Делчев “ Валандово на 10.10 2023г. на плоштадот во Валандово организира манифестација на македонските валандовски земјоделски производи за промоција на домашните брендови и бизниси.
На манифестацијата ќе се направи промоција на земјоделските производи и традиционални валандовски специјалитети:
– Свежи земјоделски производи кои се автентични во валандовскиот крај: грозје, калинка, јанонско јаболко, смокви, маслинки, тиква
– Произведени проиводи: сок од калинка, вино, ракија, мастика, слатко од смокви, мед, доматно пире, кисела зелка и краставица, листови од зелка за сарма, ајвар……..
– Сушено овошје- грозје, кајсии, смокви….
Сакаме да ја зајакнеме свесноста за производство и конзумирање на земјоделски производи со оригинален и автентичен квалитет.
Ќе направиме промоција и маркетинг на валандовски традиционални земјоделски производи направени по традиционален начин .
Да стекнеме навики за производство и конзумирање на здрава органска храна;