И ПОКРАЈ ЛОШИТЕ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ ОРГАНИЗИРАН 19-ОТ МЕМОРИЈАЛ „ДИМИТАР КАНГОВ-КАНГАТА 2023“

Изминатиот викенд по 19ти пат се одржа традиционалниот меморијален марш “Димитар Кангов-Кангата”, во чест и спомен на долгогодишниот член на Здружение Планинарски Спортски Клуб „КОЖУФ“ . На меморијалот зедоа учество планинари од повеќе планинарски друштва, здруженија и граѓани, претставници на Црвен Крст – Гевгелија, како и ученици од локалните училишта, меѓу кои традиционално најбројни беа учениците од ООУ “Климент Охридски” – Миравци. Беше искачен највисокиот врв на Кожуф, Зелен Брег (2172 мнв), по патеката од месноста Алчак – Марково Езеро – Зелен Брег. Најубавиот начин да се зачува споменот за оние кои не се меѓу нас е да ги спомнеме на местата каде што тие најубаво се чувствувале, на планинските врвови. Вечна му слава!!!

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *