МИГРАНТИТЕ СТРАДААТ ОД КРИУМЧАРИ, НО И ОД СООБРАЌАЈНИ НЕЗГОДИ. ТРОЈЦА СИРИЈЦИ ПОВРЕДЕНИ НА ПАТОТ ГЕВГЕЛИЈА-БОГДАНЦИ

– На регионалниот пат Гевгелија – Богданци, вчера околу 14:45 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ при Регионалниот центар за гранични работи Југ, при извршување на полициски активности, во близина на две напуштени патнички возила, „алфа ромео“ со велешки регистарски ознаки и „форд“ со скопски регистарски ознаки, што претходно учествувале во сообраќајна незгода, биле пронајдени три лица, илегални мигранти од Сирија, со повреди од сообраќајната незгода, информираат од МВР.

На лицата им е укажана лекарска помош по што се сместени во Прифатно-транзитен центар „Винојуг“ – Гевгелија.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициската станица Гевгелија и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Криумчарите им наплаќаат високи суми на мигрантите за транзитот низ земјава, но често тие и физички ги малтретираат. Ситуацијата е потрагична за ониe мигранти кои настрадале во сообраќајни несреќи додека шверцерите бегале од полицијата, со што загубиле раце или нозе.
 
Македонија е дел од таканаречената Балканска рута, низ која транзитираат мигрантите и бегалците од војните на Блискиот исток и Северна Африка. Според одредени проценки, над милион луѓе ја минаа во периодот од 7 години.
Според податоците на Црвениот крст во земјава добиле азил само 13 мигранти од 2015 година, што покажува дека таа не е крајна дестинација за мигрантите.
Во моментов од 10 до 30 мигранти или бегалци од војна дневно влегуваат во земјава, најчесто од Грција, според податоците на Црвениот крст.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *