ПРВА ИНКЛУЗИВНА ТРКА „RUN TOGETHER“ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА АК „7-МИ НОЕМВРИ“ И ФОНДАЦИЈАТА ИЦЕ БЕГОВ

Фондацијата Ице Бегов ги поканува сите кои имаат хумано срце да (ни) се приклучат на Првата незаборавна инклузивна трка: RUN TOGETHER – во организација со Атлетски клуб 7ми Ноември Гевгелија / Athletic club 7mi Noemvri Gevgelija. На оваа трка може да се пријават сите, вклучително и лицата со попреченост, и да трчаат заедно!

„Тука сме да докажеме дека секој чекор е важен, без разлика на способноста. Да го прифатиме заедништвото и да се залагаме за колективна физичка и ментална благосостојба,“ велат од Фондацијата.

Оваа трка ќе се трча на 4 ноември 2023 година со почеток од 13,30 часот на Плоштадот во Гевгелија. Сите учесници добиваат dry-fit маичка од брендот TOMEO и стартен број. Сите се победници и добиваат медал! Отворена е трката за сите возрасти и способности.
 
Придружници се добредојдени за учесниците со попреченост. Онлајн пријавувањето е отворено до 15 октомври. Цена: 200 денари (Бесплатно за лица со попреченост)
Да се обединиме, да трчаме и да го славиме духот на инклузивноста!
Регистрирајте се преку линкот подолу

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *