ОВА НЕ Е ВЕЌЕ НОРМАЛНО. ОКТОМВРИ Е А МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ ТОПЛИНСКИ БРАН

Порталот Severe Weather објави прогноза за остатокот од октомври, според која се чини дека почетокот на есента повеќе ќе личи на средината на летото. Имено, по рекордно топол септември не очекува исто таков октомври.
Месецот септември 2023 година беше најтопол во светот од 1979 година со просечна глобална температура од 16,38 степени Целзиусови. Во Европа, просечната температура во септември беше за 2,5 степени повисока од просечната во речиси триесетгодишниот период од 1991 до 2020 година.
 
Септември оваа година беше, по јуни, јули и август, четвртиот месец што постави нова глобална месечна температура рекорд, па затоа 2023 година е на пат да стане најтоплата година досега.
Во првите денови од октомври беа забележани бројни температурни рекорди во многу земји, особено во Франција, Шпанија, Австрија и Полска. Но, Западна Европа наскоро ќе ја зафати уште еден топлотен бран, веќе овој викенд.
 
Во наредните денови, многу делови од Европа би можеле да имаат температури над 30 степени, на пример на југот на Франција, додека во северните делови на континентот – земјите од Бенелукс, Германија и јужна Англија – ќе биде повеќе од 25 степени. Во Ирска ќе биде можеби само неколку степени посвежо, а Италија би можела да „зоврие“ со температура над 30.
 
Главниот „виновник“ за вака високите температури е т.н „термичка купола“. Имено, по подолг период на стабилно време, куполата го засилува топлинскиот ефект. Оваа појава главно ги загрева Европа и Северна Америка во лето, но може да се случи и наесен, како што е случај оваа година. Куполата делува како капак што го задржува топлиот воздух и го стиска кон земјата, а токму таква купола ќе се издигне над Западна Европа. Делумно ќе бидат погодени и северниот дел на Медитеранот и делови од централна Европа. Постудена воздушна маса од север благо ќе го разлади истокот од континентот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *