СЕМЕЈНАТА ВИНАРИЈА НА ГЕВГЕЛИЧАНЕЦОТ РИСТО МИОВ УЧЕСТВУВАШЕ НА САЕМОТ „ВКУСИ ЈА ТРАДИЦИЈАТА“

Во Градскиот парк во Скопје се одржа второто издание на Националниот саем за храна и пијалоци „Вкуси ја традицијата“.
На овој саем, со своите познати домашно произведени црвени и бели вина учествуваше и Ристо Миов, чии вина излезени од неговата семејна винарија МИОВ веќе неколку години освојуваат признанија на саемите во нашата земја и во странство.
 
Настанот е во организација на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство со поддршка од Слоу Фуд Македонија и Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), а се одржува под мотото „Taste life, taste tradition“ односно „Вкуси го животот, вкуси ја традицијата“.
Ова е втора година по ред да се одржи саем со ваков обем, на кој се претставија повеќе од 400 производители, со над 2000 домашни производи, кои го презентираат македонското земјоделство и гастрономија.
 
Овој саем има за цел да ја зачува традицијата, да останат засекогаш зачувани рецептите од нашите баби. Сите оние стари рецепти, запишани во тефтерите кои се предавале од генерација на генерација, како дел од миразот на невестите, сите тие рецепти кријат богатство.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *