АНСАМБЛОТ „БОЈМИЈА“ СО УЧЕСТВО НА ВТОРИОТ МЕЃУНАРОДЕН ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ „РАДОВИШКИ СОБОР„ ЌЕ ЈА ЗАОКРУЖИ СВОЈАТА БОГАТА СЕЗОНА

Еден од нашите најдобри фолклорни ансамбли „Ансамблот Бојмија“ од Гевгелија, доби покана за настап на Вториот меѓународен фолклорен фестивал „Радовишки собор“, кој во периодот од 11-ти до 13-ти октомври же се одржи во Радовиш, во организација на тамошниот Дом на култура „Ацо Караманов“. Тие ќе настапат на последниот ден на фестивалот, во петок на 13-ти октомври со кореографијата „Посеље“, авторско дело на Јовица Блажевски.
 
Со овој настан и учество на Ансамбл Бојмија на мегународниот фестивал „Радовишки Собор“ е последен настан од нашиот годишен проект за 2023 година со назив „Концертни активности на Ансамбл БОЈМИЈА во 2023 год.“ кој беше подржан од страна на Министерството за култура. Ја оправдавме подршката на Министерството со тоа што на долунаведените реномирани и познати фестивали во нашата земја освоивме бројни награди и признанија.
 
Најдраги им се двете највисоки награди ГРАН ПРИ, да се потсетиме: Во месец март 2023 год, во организација на Општина Свети Николе и Дом на Култура „Крсте Мисирков“ од Свети Николе се организираше Меѓународен фестивал на изворен фолклор „ТОДОРИЦА 2023“. Фестивалот беше од натпреварувачки карактер и се доделуваа награди. Ансамбл Бојмија настапи со изворен фолклор со кореографијата „Влашки Игри “ од гевгелиско, при што од страна на стручно жири во конкуренција од 16 -шеснаесет фолклорни ансамбли ни беше доделена највисоката награда на фестивалот „ГРАН ПРИ“. 
 
Потоа во месец април 2023 год, во организација на Фолклорен Ансамбл „Китка“ од с. Ораовица и Општина Радовиш се организираше 18-ти Меѓународен Мултикултурен изворен фолклорен фестивал „Велигденски Средби 2023“ кој се одржа по 18-ти пат на верскиот празник Велигден. Фестивалот беше од натпреварувачки карактер и се доделуваа награди. Ансамбл Бојмија настапи со сценската адаптација „Посеље“ авторско дело на Јовица Блажевски. Од дваесетина учесници од страна на стручно жири на Ансамбл БОЈМИЈА и беше доделена највисоката награда на фестивалот „ГРАН ПРИ“. 
 
Во месец Мај 2023 год, по покана и во организација на Здружение на млади за човекови права „ЕСЕ“од Скопје се организираше Меѓународен фолклорен фестивал „19 Мај ден на млади на турската заедница“. Ансамбл Бојмија настапи со сценската адаптација „Повардарије“. За нашето учесто ни беше доделена Благодарница. На ден 17.08.2023 год, во организација на Културно Уметничко Друштво „ДРИМКОЛ“ од Вевчани и Општина Вевчани се организираше „XIII Фестивал на народна култура ПОБРАЖЕЊЕ – Вевчани 2023“ а по повод верскиот празник Преображение на Господ Исус Христос.
 
Ансамбл Бојмија настапи на отворена сцена со сценската адаптација „Малешевка“ и „Посеље“, присутни беа над илјада посетители и гости. За нашето учесто ни беше доделена Благодарница. Потоа во месец септември по покана од ДКЦ Карпош од Скопје зедовме учество на мегународниот детски фестивал „Оро без граници“ во организација на МКЦ„Карпош“ кој се одржи во градскиот парк на отворена сцена во Скопје.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *