ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА, МИЈАЛЧЕ АНДОНОВСКИ, ДИМЕ АНДРЕЕВ И МИКИ ПОПОВСКИ УЧЕСТВУВАА НА АТЛЕТСКИОТ МАРАТОН „11 ОКТОМВРИ ЛОЗОВО 2023“

На вториот Атлетски маратон „11 Октомври Лозово 2023“ што општина Лозово го организира по повод националниот празник, учество зедоа и четворица маратонци од Гевгелија, Валентина Узунова, Мијалче Андоновски, Диме Андреев и Мики Поповски.
На трката имаше 53 учесници во машка и женска конкуренција професионални атлетичари од атлетските клубови од Велес, Скопје, Гевгелија и други градови како и атлетичари аматери.

Инаку трката беше во четири категории: на трката од 100 метри учествуваа деца од 7 до 10 години, на 200 метри од 11 до 14 години и трка на 400 метрина на која учествуваа тинејџери од 15 до 18 години. Во сите категории на крајот свечено беа прогласени најдобрите за прво, второ и трето место во машка и женска конкуренција и им беа доделени медали и пехари.
 
За највозрасен учесник на трката на 15 километри пофалница доби 77 годишниот Санде Стојановски од Лозово, а за најмлад учесник Никола Саздовски од Лозово.
На 15 километри победници беа Дарио Ивановски во машка и Андријана Поп Арсова во женска конкуренција.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *