МВР БИЛТЕН: ПРИ ПРЕТРЕС ВО ГЕВГЕЛИЈА ОТКРИЕНИ 29 СТЕБЛА КАНАБИС

Денеска полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода А.Ш.(42) од Гевгелија. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од растението канабис, исушени стебла од растението канабис и предмети со остатоци од марихуана и бела прашкаста материја, додека при претресот во дворното место биле пронајдени и одземени 29 засадени стебла од растението канабис.
-Лицето било задржано во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *