ЗАПОЧНА ПРАКТИЧНАТА ПРИМЕНА НА МЕМОРАНДУМОТ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ СОУ „БОГДАНЦИ“ И КОМПАНИЈАТА „ПЕРПЕТУУМЦОДЕ“

Со меморандумот, потпишан од директорката на СОУ „Богданци“, Росица Шабанова и директорот на „ПерпетуумЦоде“, Глигор Петков, а во рамките на взаемните заложби, СОУ „Богданци“ им овозможува на учениците од електротехничката струка, да го усовршат своето знаење преку бесплатна практична настава и феријална пракса во фирмата „Перпетуумцоде“.
 
Во исто време, Глигор Петков им предава на учениците од втора година од електротехничката струка, смер-електротехничар за компјутерска техника и автоматика.
 
Имено, како одговор на потребите на компаниите кои егзистираат во дејноста на енергетиката и ИТ секторот во регионот и недостатокот на стручен и соодветен кадар од една страна , а имајќи ги во предвид позитивните практики од концептот на дуалното образование,во СОУ„Богданци“ Богданци од учебната 2022/23 година воведе нова електротехничка струка, профил електротехничар/енергетичар и електротехничар за компјутерска техника и автоматика.
 
Интересот за изучување на оваа струка е голем од страна на учениците и моментално во ова училиштеима 4 паралелки во прва и втора година кои реализираат наставна програма од оваа насока.
 
Најпрво се склучени Меморандуми за деловна соработка со компаниите Електродистрибуција КЕЦ – Гевгелија, ПерпетуумКоде ДОО – Гевгелија, ЛУКА СОФТ – Гевгелија , Електро-Дон ДООЕЛ – Богданци, Старком Ристо ДООЕЛ – Богданци, а денеска бројот на компании од оваа дејност со кои СОУ„Богданци“ соработува е поголем.
 
Препознаени се придобивките од дуалното образование кое е успешен начин на градење на вештини кај учениците потребни на пазарот на работна сила, нудејќи им квалитетна практична настава во реални услови.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *