23 АТЛЕТИЧАРИ НА АК „7-МИ НОЕМВРИ“ УЧЕСТВУВАА НА НОЌНИТЕ ТРКИ „СТРУМИЦА НА УЛИЦА 2023

Над 250 атлетичари од Македонија, Бугарија и Грција синоќа настапија на трите ноќни трки, на 5, 10 и 21 километар во рамките на 4-то издание на „Струмица на улица 2023“, а во организација на АК „Беласица ран“. Гевгелискиот атлетски клуб „7-ми Ноември“ учествуваше со 23 натпреварувачи во сите три трки.
Најдобар резултат постигна Кристина Узунова, која во женска конкуренција, во трката на 5 километри го освои четвртото место,на 10 километри Петат Лешев беше 13-ти, додека во полумаратонската трка Драган Ристов го освои 16-то место.
Инаку, победници во полумаратонската трка кај мажите, првото место го освои Дарио Ивановски, а кај жените Адријана Поп Арсова.

Организаторот испрати извинување до сите учесници во кое стои:
„И после цела ноќ анализа и детално разгледување што се случи, сеуште не можеме да разбереме како настана грешката со која првата група предводници на трката на 5 и 10 км направи предверемено свртуваење на еден од кружните текови и со тоа го “размеша” пласирањето на трките и колку и да го бараме виновникот и колку и да се обидуваме да ја исправиме грешката, штетата е веќе направена и назад едноставно нема.
 
Сакаме да им честитаме на победниците и да им се извиниме на сите што се чувствуваат оштетени во генералниот пласман. Со оглед на тоа што немаше парични награди во овие категории, извинувањето е единствена компензација за личната сатисфакција за евентуалната победа и ветување дека можеби во следна прилика ќе се обидеме да ја намалиме шансата за повторување на таква грешка, ако воопшто се пружи таква.“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *