МАРАТОНЦИТЕ КОИ ТРЧАА ВО ЧЕСТ НА TОШЕ ПРОЕСКИ, ПРЕЧЕКАНИ СО РОЗИ ВО НЕГОВОТО РОДНО КРУШЕВО

Со црвени рози и многу сеќавања крушевчани денеска напладне ги пречекаа маратонците што трчаа од Нова Градишка до Гумење во Крушево во чест на нашата и балканска музичка ѕвезда – Тоше Проески. Пред 16 години, на 16 октомври 2007 година, Тоше го загуби животот во сообраќајната несреќа што се случи кај Нова Градишка, Хрватска.
Маратонците, меѓу кои беа и гевгеличаните Анчев, Семенаков и Туртуров, своето трчање го почнаа во Нова Градишка и по 900 километри напладне пристигна и се поклонија пред неговото вечно почивалиште на Гумење во Крушево. Низ улиците до Гумење крушевчани ги пречекаа со црвени рози. Тоа е традиција што ја воспоставија учениците од средното крушевско училиште „Наум Наумоски – Борче“.
Спомен-куќата на Тоше на Гумење ги пречекува многубројните посетители и фанови кои и годинава ги има од сите краишта од Македонија и странство.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *