СО „ВЕШТА ЖЕНА 2023“ ВО ГЕВГЕЛИЈА СЕ ОДБЕЛЕЖА 15. ОКТОМВРИ МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА БЕЛИОТ СТАП

По 4. пат, Здружението на слепи лица од Гевгелија, вчера, го одбележа 15 Октомври- Меѓународниот ден на белиот стап со одржување на манифестацијата „Вешта жена 2023 година“. Во угостителската сала на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, годинашната „Вешта жена“ беше отворена со обраќање на претседателот на Здружението на слепи лица, Лазе Трајков и секретарот Весна Аризанова, честитајќи го 15 Октомври.
 
За одржувањето на оваа манифестација, Трајков упати благодарност до Општина Гевгелија за поддршката преку Програмата за активностите на Општина Гевгелија во областа на културата 2023 година. Имено, програмските активности по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на белиот стап опфатија подготовка на традиционална храна од женските членови на Здружението, којашто беше презентирана на настанот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *